Промоција на програмата „Промени, правда и прогрес“

16.01.2016

Промоција на програмата „Промени, правда и прогрес“



Под наслов „Промени, правда и прогрес“, од голем број активисти и претседателот Павле Трајанов, денеска во Скопје е промовирана Предлог изборната програма на Демократски сојуз за престојните парламентарни избори 2016.

Луѓето се загрижени за иднината на државата. Поминуваме низ период на морална декаденција и политичка хипокризија, на себичност и неконтролирано богатење и кумулација на моќта и парите во најтесни кругови. Оваа политичка криза ги блокира евро-интегративните процеси, ја зголеми неизвесноста и несигурноста, се засили процесот на иселување од Македонија, посочи лидерот на партијата Павле Трајанов.

Генераторите на кризата со силна манипулативна медиумска кампања, сакаат да продолжат да владеат создавајќи лични и општестевени трауми. Живееме во перманентна агонија. По 25 години од самостојноста, како да го реафирмиравме комунизмот како модел на едноумие, партиско-полициска доминација, замолчена интелигенција.  

Македонското и граѓанското ткиво е расцепено. Државата и општеството ги губат европските приниципи на толеранција, слобода на пазарот и креативноста. Воскресна бонапартизам, затоа ве повикувам сите во градењето на нашата платформа, изборната програма, која се потпира  на големиот број идеи кои доаѓаат од граѓанскиот сектор, од експертите, од медиумите, од граѓаните.

Презентацијата на Изборната програма ќе продолжи во сите градови и населени места. Сите креативни идеи од ДС и сите граѓански активисти со кои говориме со ист јазик и имаме исти мотиви за просперитет на државата, ќе ги вградиме во конечната верзија на Изборната програма.

Демократскиот сојуз, како партија и натаму опстојува на основните програмски определби и принципи:

- промена на политичкиот систем преку дефинирање наполитичката, личната и морална одговорност на сите функционери

- владеење на правотo

- економски развој и лична благостојба на сите граѓани

- влез во Европската унија и НАТО

- бескомпромисна борба против криминалот

- слобода на говорот и професионални медиуми

Демократскиот сојуз е уверен дека на Македонија и треба фронт од сите демократски и слободарски луѓе.  

Граѓаните треба да се етаблираат како четврта власт, а не како гласачка машина. Тие треба да бидат континуиран и перманентен коректор на сите институции. Поминуваме низ период на морална декаденција и политичка хипокризија, на себичност и неконтролирано богатење и кумулација на моќта и парите во најтесни кругови. Генераторите на кризата со силна манипулативна медиумска кампања, сакаат да продолжат да владеат создавајќи лични и општестевени трауми.

Од ова место порачувам дека „ актерите“ на политичката криза мора да понесат одговорност и да платат висока цена.

„Зоран Заев неможе само со бомбите да дојде на власт, а Никола Груевски неможе криминалот, да го покрие со избори.“

Договорот од Пржино стана фарса и основа за зголемена политичка конфронтација помеѓу креаторите на кризата. Ни требаат суштински и коренити реформи за да се создадат услови за демократски избори, а не импровизација и формално спроведување на Договорот од Пржино. Граѓаните се будат. Тие сакаат да управуваат со своите судбини и личниот суверинитет да го предадат на чесни, способни, одговорни, образовани и високоморални личности.

Медиумите што не го слушаат гласот на промените ја губат довербата кај граѓаните. Завршува колективното перење на нивната свест и совесност, лојалност кон државата.Македонија мора да се ослободи од заробениците на умот и култот на личноста.Ние сме за , за одговорност, за правда и за прогрес, напредок.Тоа е гаранција дека има простор за нова политичка и победничка сила.Демократскиот сојуз е подготвен да се вклучи со сите свои капацитети, за да овозможи овој нов караван да тргне низ Македонија.  

Лидерот на  ДС Павле Трајанов подвлече дека програмата на Демократскиот сојуз  ДС содржи принципи според кои: 

Секој кој се збогатил на криминален начин, ќе одговара, имотот и парите ќе ги конфискуваме и ќе ги вратиме во касата на народот.... Сите кои се вклучени во тешки облици на криминал или кршење на основните права на граѓаните ќе бараме забрана од најмалку 10 години за вршење на јавни и политички функции.  

-Генерален реизбор на сите судии и обвинители. 

-Намалување на паричните казни за најмалку 50%, за да можат компаниите и граѓаните да преживеат. 

-Инспекторите ќе мора прво да опоменуваат,а УЈП нема да може веднаш да одредува високи мандатни казни 

Антикорупциски мерки со кои ќе се спречи, 300 милиони евра годишно да се прелеваат во џебовите на функционерите, како и уште над 200 милиони евра во разликите на цените од јавните набавки и нерационални трошења. 

Предвидуваме 1 милијарда евра за капитални инвестиции, воведување на високи технологии во производството, поддршка на извозот, отварање на нови работни места и поддршка на земјоделието.

Наши приоритети се, посочува Трајанов:

-Минимална плата (300 евра), 

-Минимална пензија од 200 евра

-Започнување на бизнис преку отварање на над 60.000 мали фирми во кои можат да се вработат од 3-5 млади квалификувани луѓе   

Трајанов на промоцијата на новата програма на Демоксраткиот сојуз порача дека  секој оној што се пазари со името на државата за да остане или дојде на власт, е губитник. Демократскиот сојуз ќе организира консултативен референдум за решавањена наметнатиот спор за   името, како основа за деблокада на евро-интегративните процеси.

Наша цврста определба е чесноста, искреноста, посветеноста. Нашата борба е за Македонија да биде силна, демократска и посакувано место за творење и живеење.

Верувам во македонскиот народ, верувам во граѓаните на Македонија, и верувам дека сите заедно ќе се избориме за промени заклучи Трајанов.

Извадоци од промоторите на програмата на Демократскиот сојуз:

По 25 години самостојност на Република Македонија и по девет парламентарни изборни циклуси, време е да се повлече линија. Линија преку која не се може и линија под која веќе не смее. Да се види до каде сме, што сме постигнале, дали е тоа доволно и можеше ли подобро, порача шефот на изборниот штаб Драгана Букилица, презентирајќи делови од програмата на ДС.

„Светот е опасно место за живеење, не заради лошите луѓе, туку поради луѓето кои не превземаат ништо околу тоа“, порача лидерот на младите на ДС Миодраг Димов кој се спротиставува на иселувањето на младите од Македонија. Сведоци сме на континуирана и се подлабока партизација и партиско селектирање на „избраниците“ на „луксузот“ наречен вработување веќе 24 години. Единствено нешто што се менува е гарнитурата која тоа го диригира. Дали треба вечно да бидеме неми набљудувачи на ваквата состојба и потајно да посакуваме подобра иднина или ќе превземеме нешто за да ја подобриме?! Тоа зависи само од нас, порача Димов.

НИЕ имаме план да обезбедиме стабилна држава, демократски институции, владеење на правото, силен социјален систем и животен стандард за пристоен живот.

Време е да инвестирате во младите! Во нас повика лидерот на младите на ДС.

Доста со приказните гломазна администрација која ништо не работи и зема плата, ние имаме стратегија и решение: Конечно, администрација ориентирана кон граѓаните, а не сопственост на партијата на власт..., време е за „стручна, ефикасна и добро платена администрација порача Весна Стоименовкса од претседателството на ДС. СИСТЕМ НА ЗАСЛУГИ, или приемот на административци мора да биде базиран на професионални вештини и квалитети на кандидатот, а не на политичка наклонетост или партиска припадност. Треба да се обезбедат услови за хиерархиска промоција од една позиција на друга и мора да постои граница помеѓу политичката кариера и служба во администрацијата, порача Весна Стоименовска.

И ние сме за привлекувањето странски инвестиции, ама за соработка со инвеститори кои ќе бидат подготвени да прифатат  услови поволни и за нив и за државата. Инвеститори кои ќе ја почитуваат работната сила во нашата земја почитувајќи ги законските прописи во државата, истакна Тони Трајанов за еконсмките аспекти на програмата на ДС. Демократскиот сојуз смета дека е можен динамичен економски развој, Ако се поттикне инвестирањето на домашните во соработка со странски компании.  Особено битен сегмент е ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИНОТ. Нема економски развој без правилно вреднување на трудот на работникот и борба против сиромаштијата. Демократскиот сојуз ќе работи на зголемување на стандардот на граѓаните преку подигнување на вредноста на трудот на работникот и преку создавање услови за: Минимална плата од 300 евра, односно 18.000 денари, најниска пензија од 200 евра, односно 12.000 денари., усогласување на социјалната помош со растот на платите ( нејзино  двојно зголемување), Формирање на станбен фонд, чии средства ќе бидат наменети за решавање на проблемот со домување на млади брачни двојки, како и за изградба, доизградба или реконструкција на куќи во руралните средини,враќање на евтината дневна тарифа за електрична енергија. И нема како поинаку порача Тони Трајанов член на претседателството на Демократскиот сојуз.

Да изградиме и да презентираме имиџ дека сме доволно зрели за да се фокусираме на агендата за реформи, сериозно да се ангажираме за надминување на забелешките и ДА МАНИФЕСТИРАМЕ НАПРЕДОК. Но, напредок кој нема да значи присвојување на демократијата во услови на нејзина целосна атрофија на практичен терен и прибегнување кон брзоплети промени и небулозни решенија, порача зам.министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска потенцирајќи дека нема повлекување од зацртаната цел Еу и НАТО членство. Стратегијата за фазно решавање на спорот со името  е наш ,проект на ДС кој доби силна меѓународна поддршка, иницирањето на Пристапниот дијалог на високо ниво помеѓу РМ и ЕУ, будното и целосно адресирање на безбедносните ризици се само дел од серијата активности превземени на евроинтегративен терен од ДС и ние сме подготвени од сета одговорност да сработиме на тој план, заклучи  Кипријановска.

Без јавност, без слободни медиуми, нема демократија, нема развој. Без јавност и без слободни медиуми не можеме да имаме демократија ниту пак развој. Затоа ќе се бориме, гласот на новинарот да биде гласот на вистината! Истакна генералниот секретар на партијата, Верица Филиповска. Демократскиот сојуз се залага за долгорочни и системски решенија, кои значат коренити реформи и за ДС е прифатлив концептот понуден од Европската унија за реформи во медиумската сфера, како и формирањето на саморегулаторни тела.

За ПРОМЕНИ ВО ЗДРАВСТВОТО, зборуваше д-р Соња Кузмановска, која подвлече дека иако сме сведоци на бројни реформи и чести законски измени во оваа област, тие  за жал, не ги даваат посакуваните резултати. Затоа, ДС смета дека се неопходни суштински промени со цел да се врати довербата во здравствениот систем, на задоволство како  на пациентите и така и на здравствените работници.

Во таа смисла се залагаме за: зголемување на квалитетот на здравствените услуги, што подразбира истовремено вложување во стручен кадар, опрема и здравствена инфраструктура.

Се залагаме за намалување на здравствените трошоци, но без да се загрози ефикасноста на лекувањето. Од особено значење е зајакнувањето на примарната здравствена заштита, со редовни превентивните прегледи кај матичниот лекар и скрининг програми порача Кузмановска образложувајќи повеќе детали од здравствената политика  од програмата на Демократскиот сојуз. 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners