Промените излез од кризата

29.09.2016

Промените излез од кризата


На трибината на Балканскиот форум за безбедност учествуваше и Павле Трајанов, претседател на ДС, кој во своето излагање нагласи:
Македонија се соочува со исклучително сложена политичка состојба која го загрозува мирот и внатрешната стабилност, како и економскиот развој.

Генератори на кризата се државно политичкиот врв, високиот степен на криминализација на државата и посебно тешките облици на криминал кои разорно дејствуваат во сите сфери на сопственото живеење, партизација на институциите и нивна парализа, како и етаблирање на авторитарно владеење и "еднопартизмот".

Накусо кажано колапсот на државата е креација на домашната владејачка елита и воспоставување систем на клиентелизам и силна медиумска манипулација, популизам и ставање на целокупниот безбедносен систем во функција на властодржецот, а не безбедноста на државата.

Дали може кризата да ескалира и да се наруши безбедноста и нормално одвивање на животот...?

Засега можеме да зборуваме за контролирана нестабилност, но обидите за радикализација на меѓуетничките односи, инсценирање на судири помеѓу власт и опозиција, укинувањето на СЈО, враќањето во сила на аболицијата, како и стегањето на обрачот околу тие што 10 години го крадат народот, може во секој момент да ја запалат државата. 

Падот на рејтингот на партиите од власта може да биде скриена причина за немири и одлагање на изборите и продолжување на агонијата.

На Македонија не и претстои воен напад од странство, но можни се "терористички активности" креирани со внатрешна логистика.

Македонија не е цел на ИСИЛ, ниту пак треба се плашиме од мигранти кои ќе ја дестабилизираат државата.

Во геостратешките интереси припаѓаме кон НАТО и ЕУ, но тоа не е и нема да биде основа за зголемен притисок од Руската Федерација. Треба да градиме добри односи со сите држави, но секогаш да поаѓаме од нашите национални и државни интереси.

Спорот со името, наметнат од Грција, е добра причина за власта да има алиби за застојот во евроинтеграциските процеси. Грција гледа партнери кај нас кои не сакаат да се разреши овој спор.

На крај сосема е извесно дека само со промена на власта можно е да има правда, економски развој и постепена стабилизација.

ДС на овие прашања е темелно поставен и сме за реформи во безбедносниот систем кој е докрај разорен.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners