Прес-конференција на Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократски cојуз

12.11.2020

Прес-конференција на Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократски сојуз

Денес, 12.11.2020 година, (четврток), Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, достави Предлог-Закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, со кој се создаваат можности за повторување на постапката, доколку судска одлука се заснова на:

-повреда на начелото презумпција на невиност,

-користени се разговори од незаконито пресретнување на системите за комуникација,

-злоупотреба на посебната истражна мерка заштитен сведок,-злоупотреба на системот за распределба на судски предмети (АКМИС),

-во други случаи на фабрикување или монтирање на факти и докази и др.

Во суштина предлагам законски решенија за создавање законска можност, можност за преиспитување на фактите и доказите во сите политички мотивирани судски процеси преку повторување на постапката.

Во изминатите 15 години има голем број на монтирани судски процеси, за кои се залагам да им се овозможи фер судење, каде ќе можат осудените да презентираат докази дека судските одлуки се засновани на лажни или фалсификувани факти и докази.

Во овие политчко-полициски монтирани процеси, биле вклучени политичкиот врв во државата, припадници од Министерството за внатрешни работи, (посебно од Управата за безбедност и контраразузнавање), јавни обвинители и судии.

Преку повторување на постапката, освен што ќе се исправи неправдата и ќе се рехабилитираат жртвите, ќе се разјасни улогата на сите вклучени во овие монтирани случаи, посебно на судиите кои носеле судски одлуки врз основа на лажни докази и други факти.

Инаку за овој закон стои Комитетот за заштита на правада, каде членуваат над 300 осудени граѓани, кои укажуваат на флагрантно кршење на нивните права и неможност да обезбедат повторување на постапката преку решенијата содржани во Законот за кривична постапка.

Во публикацијата подготвена од Транспаренси Интернешнл, се анализирани 12 правосилни предмети, при што врз основа на анализите е заклучено дека одлуките не се засновани на релевантни докази, има прекршување на постапката и други неправилности и кршење на законите.

  



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners