Павле Трајанов: За тешките кривични дела од организираниот

12.03.2021

Павле Трајанов: За тешките кривични дела од организираниот криминал да нема застареност

Демократскиот сојуз го поддржува Планот за борба против корупцијата и инсистира да се изградат инструменти за негова имплементација, како и надградување на истиот.

Во оваа насока Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, го предложи следното:

Прво, да се донесе закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција.

Во законот да се предвиди да нема застареност за тешки кривични дела од организиран криминал и висока корупција доколку делата се поврзани со злоупотреба на власта.

Натаму задолжително да се конфискува капиталот стекнат на криминален начин и да се изрекува заштитна мерка забрана на политичко дејствување од најмалку 10 години.

Со законот да се предвиди формирање на Агенција за борба против организиран криминал, со надлежности да работи на откривање и спречување на тешки облици на криминал и висока корупција, да го открива (детектира) скриениот имот на носителите на високи државни и политички функции, како и други лица инволвирани во тежок криминал, да ги координира активностите на сите институции надлежни за откривање и спречување на тешки облици на криминал (МВР, АНБ, АР, ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА, ФИНАНСИСКО РАЗУЗНАВАЊЕ, УЈП и др.), да постапува по барања  на ДКСК итн.

Агенцијата треба да има законска обврска, оперативно да  истражува и спречува злоупотреби при јавните набавки со вредност од над 300.000 евра.

Директорот да го бира Борд од 15 мина експерти, универзитетски професори, претставници од невладиниот сектор, медиумите и Парламентот, со мандат од седум години.

Вработените да имаат посебни права и овластувања, да се експерти и со силен интегритет и добро платени.

Во Агенцијата да се вработат не повеќе од 40 експерти, а за тој број да се намалат работни места во другите институции и финансиски средства.

Второ, поради целосна департизација и деполитизација на администрацијата, да се забрани членство во партии на вработените во МВР и другите безбедносни институции и други институции кои работат на сузбивање на криминалот.

Вработувањето во државната и јавната администрација да се одвива врз основа на јасни цврсти критериуми, при што да  се предвиди кривична одговорност, казна од најмалку три години затвор, за секој што ќе ја злоупотреби власта при вработување.

Инаку Демократскиот сојуз има подготвено Проект за декриминализација "ДЕКРИ" со кој се предвидува заокружен и ефикасен систем за борба против организираниот криминал.

 

Павле Трајанов



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners