Обраќање на Павле Трајанов на митингот во Прилеп

13.03.2013

Обраќање на Павле Трајанов на митингот во Прилеп


Почитувани прилепчани, народот одлучува кој ќе ја води државата и кој ќе ја води општината. Прилепчани се предвесници, секогаш промените тргнуваат од тука. Како да се пресликува 2005 година, од тогаш не само во Прилеп, секаде победуваме.

Прилепчани знаат да наградуваат и казнуваат, прилепчани го мерат секој чекор, го вреднуваат секој успех, секој резултат, секое дело.

Зад Марјан Ристески, стојат многу дела, многу работа и посветеност, многу нови идеи, многу нови проекти.

Владата ги поддржува проектите во Прилеп, затоа што се за подобар живот на сите Вас. Така и ќе продолжи.

Опозицијата предводена од Бранко Црвенковски, нѐ критикува, нѐ напаѓа, зошто Владата презентирала што работела, посебно во општините, што изградила и слично. Сето тоа ќе имало влијание на изборите. Вчера беа презентирани проектите кои се реализирани во Карпош, каде градоначалник е од редовите на СДСМ. 

А од друга страна, Црвенковски, повикува на референдумско гласање против Владата. Штом е така, јас се согласувам дека граѓаните освен за Марјан Ристески, ќе гласаат и за политиката на Владата. Прилепчани не може никој да ги манипулира. Прилепчани знаат да ги вреднуваат луѓето коишто работат чесно, посветено, одговорно и транспарентно. 

Нашите принципи, принципите на Демократскиот сојуз се цивилизациски, демократски. 

Ние се залагаме за владеење на правото, за силни демократски институции, за еднакви можности, за еднакви шанси за сите. 

Демократскиот сојуз објави „војна“ против организираниот криминал и корупцијата. Таа борба се одвива, но треба и мора да  продолжи со несмален интензитет. Никој да не се надева на отстапки, ако ја злоупотребува службената положба, кога тогаш ќе плати за тоа. Тука компромис нема и нема да има. 

Почитувани прилепчани, Опозицијата се обидува со поттикнување на насилство, мултиетнички судири, да го запре одот кон ЕУ и НАТО, за да ги претстави владеачките партии како неспособни да раководат со државата. 

Се надеваат дека некој од надвор ќе дојде, ќе ни ги реши проблемите, а нив ќе ги врати на власт

Сакам да им порачам дека граѓаните одлучуваат за сѐ, кој ќе биде на власт, а кој во опозиција. 

Кога сме овде сакам јавно да го кажам мојот став дека, за македонските работи, ние, Македонците и сите граѓани без разлика на етничката припадност, ќе одлучуваме, и никој друг, ние друга држава немаме. 

Сите партии сме заслужни што Македонија е пред портите на ЕУ и НАТО, и тие порти наскоро ќе се отворат. Прилеп е европски град, на Прилеп му треба европски градоначалник, кој ќе создава услови за нови работни места, за младите прилепчани да останат овде во Прилеп, во Македонија. 

Трите индустриски економски зони (Прилеп 1, 2 и 3) и економската зона „Алинци“ се само почеток за нови работни места, за нови фабрики и производствени капацитети.

Затоа, Ве повикувам, плебисцитарно, референдумски, да излезете и масовно да гласате за нови проекти, за нови работни места, за дела, за Марјан Ристески. 

Павле Трајанов



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners