Над 100 нови младинци во редовите на ДС

01.11.2015

Над 100 нови младинци во редовите на ДС

Пред повеќе нови членови на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз,  зборуваше за актуелната- политичка состојба при што нагласи „ Политичката криза создава чувства на несигурност, неизвесност и вознемиреност кај граѓаните.  Долгото траење на кризата негативно се одразува и врз бизнис климата, како и зголемување на бројот на младите да ја напуштаат нашата земја.“

Демократскиот сојуз повикува на разумно и одговорно однесување од лидерите на четирите партии, кои презедоа обврска за имплементација на договорот од Пржино. Секое пролонгирање само ја продолжува агонијата во која токму тие партии ја вовлекоа државата.

Трајанов потенцира дека отвореноста на ДС за млади, способни и креативни млади кадри е гаранција дека сме на добар пат да се спроведат вистински реформи и промени. ДС смета дека се неопходни системски промени и јакнење на одговорноста на носителите на јавни функции за погрешни политики, корупција и блокадата на евроинтеграциските процеси.

Претседателот на ДСМ, Миодраг Димов, истакна дека младите треба да бидат вклучени во политиката и да бидат дел од градењето на подобра политичка клима, да бидат дел од процесите во кои се решава за иднината на Македонија во која токму тие ќе ги донесат промените кои и се потребни.

Ова е период на промени во кој Демократскиот сојуз се повеќе истапува и се докажува како партија која се разликува по своите ставови, која граѓаните во се поголем број ја прифаќаат за своја препознавајќи ги искрените желби за напредок на Република Македонија, а не уназадување. – рече Димов.

Потпретседателот на ДСМ, Александар Илиевски, потенцираше дека загрижува фактот што голем број на млади луѓе си заминуваат од својата родна земја за да пронајдат подобра иднина за себе. Но, ме радува тоа што можам да забележам дека нашите редови на млади, интелигентни и способни луѓе се зголемуваат за уште 100 членови. Млади, кои и покрај сите потешкотии остануваат да живеат и работат во Република Македонија, луѓе кои сакаат и знаат каква треба да биде иднината на Република Македонија и животот  на своите семејства и сограѓани.

На над 100 нови членови од редот на младите свечено им беа доделени партиските книшки.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners