Консензус за стабилна Македонија

28.04.2016

Консензус за стабилна Македонија

Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ и МОРО- Работничка партија, сметаат дека е неопходна Платформа за излез од длабоката криза во која е втурната Македонија.

Предлагаме во градењето на Платформата да се вклучат сите релевантни политички партии, граѓанскиот сектор, како и медиумите, при што да се дојде до консензус и единство околу стратешките интереси и стабилноста на земјата.

Во оваа насока предлагаме свикување седница на Парламентот и одлагање на изборите и формирање на Експертска Влада со министри со високи професионални и демократски капацитети. Ѓорге Иванов мора да ја повлече аболицијата и во Парламентот да отпочне постапка за негова одговорност.

Експертската Влада треба да спроведе коренити реформи во повеќе области, посебно во правосудството, безбедносниот систем, медиумите и др. Владата мора да ги деблокира државните институции и целосно да ги департизира и деполитизира.

Неопходно е да се обезбедат услови за работа на СЈО и формира специјализиран оддел во Кривичниот суд во Скопје, како и услови за утврдување на одговорноста на креаторите на кризата (голем дел аболирани од Ѓорге Иванов).

Сметаме дека лидерите на четирите парти немаат кредибилитет да одлучуваат сами за иднината на сите граѓани, бидејќи поддршката од граѓаните повеќето од нив ја изгубија. Граѓаните бараат промени, правда и стабилност, затоа е потребен поширок консензус и единство.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners