Коалицијата за Промени и Правда ги објави носителите на листи

10.11.2016

Коалицијата за Промени и Правда ги објави носителите на листи

“За 1 година ќе расчистиме со мафијата која ја изеде државата и ќе ги вратиме парите на народот”

Коалицијата за Промени и Правда– Трет Блок (ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, ДЕМОС, МОРО- Работничка партија) ги објави борците против двопартизмот во Македонија под слоганот  „Не се плашете, режимот паѓа“. На денешната конвенција, делегатите дадоа поддршка политичката битка за подобра македонска сегашност и иднина да ја бијат Павле Трајанов- лидерот на ДС во првата Изборна единица, а лидерот на ФРОДЕМ-  Јове Кекеновски во втората ИЕ. Во третата ИЕ носител на коалициската листа ќе биде м-р Весна Стоименовска, во ИЕ 4 прв на листата ќе биде надпартискиот кандидат Слободан Богоески, во петката ќе предводи Александар Делов и во шестката на останатите партии ќе им се спротистави Бранко Мајсторовски.

Лидерот на ДС- Павле Трајанов, пред делегатите посочи дека нема да се смират сé додека нема правда, нема да дозволат со изборите да се прикрие масовното прислушување, газењето на основните права и слободи и грабежот на народот со стотици милиони евра.

“ Зар треба да седиме мирни и да гледаме како со бегалците од Пакистан заминуват и нашите најспособни кадри во странство“.

Трајанов вели: „Ако ја добиеме довербата,  за година дена ќе расчистиме со мафијата на власт која ја изеде државата и ќе ги вратиме парите на народот“.

Имаме волја, сила и знаење. Ќе го демонтираме еднопартискиот, авторитарен и коруптивен систем. Ќе обезбедиме услови за економски развој и ќе ги отвориме перспективите за секој млад човек, за секое семејство.

Ние сме автентична Коалиција, која  ќе донесе Промени и Правда. Овде пред сите вас, пред граѓаните стојат чесни луѓе, кои знаат како се гради држава, ова се способни кадри. Тие заедно со сите способни и креативни кадри ќе се борат за Македонија.

“Слушам дака Груевски сакал да бега од Скопје, сака да избега да се соочи со граѓаните, да се соочи со мене, ама ако оди во четвртата изборна единица, таму го чека Богоевски и уште полошо ќе помине”- додаде Трајанов.

Според лидерот на ФРОДЕМ -Јове Кекеновски, на нивните листи немало кандидати кои се обвинети, осомничени или аболирани за сторени тешки кривични дела и не кандидираат носители на листи кои имаат пасоши и на други држави, имаат и друго државјанство и на кои Р. Македонија им е втора татковина.

“Лично ме поразува фактот што наместо политички конкуренти на овие избори ќе имаме политички непријатели во чии очи ќе гледаме очај и бес, а од чии усти ќе излегуваат недоличности и лаги на кои така вешто се научени сиве овие години. За сите нив овие избори е да се биде или не, затоа што немаат каде да одат и знаат што ги чека.

Вчера против Доналд Трамп во САД беа сите освен избирачите, но тоа не го спречи тој убедливо победи. Така ќе биде и на 11 декември кога граѓаните ке го дадат својот глас за коалицијата за промени и правда”- рече Кекеновски пред делегатите.

Независниот носител на листа Слободан Богиески  посочи дека треба да се стави крај на злосторничкото здружение на власт чиј лидер за него изјавил дека има мрачно минато.

“Да, ние ќе  бидеме вашиот мрак. На 11 декември ќе го победиме овој режим. Ќе ги победиме вредностите на кои почива ова злосторничкото здружение. Ќе ги казниме зошто ја одзедоа перспективата на младите. Јас и Павле Трајанов во 1989 год. се боревме за департизација на институциите. Сега доживеавме да се бориме против истото ”- додаде Богоевски

На изборните листи фигурираат интелектуалци и уметници, а има и претставници од сите етнички заедници. На листите се наѓаат звучни имињата како артистот Благоја Чоревски, Марија Џиџи како претставник од албанската заедница, Драгана Букилица како претставник на црногорската заедница итн....

Конвенцијата на Коалицијата за Промени и Правда- заврши со слоганот „ Не се плашете, режимот ќе падне“.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners