Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА: Почна кршење на изборните правила

14.10.2016

Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА: Почна кршење на изборните правила

Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА (ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА), предупредува на кршење на изборните правила.

Последните денови, носители на високи позиции во државните институции и директори на јавни претпријатија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, прават списоци на вработени и вршат притисок врз  нив да подготват и тие список  на потенцијални гласачи, условувајќи ги, тие и наведените на списокот, да гласаат за кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

За партискиот собир закажан за во недела исто така се притискаат вработените во државната администрација, задолжително да присуствуваат.

Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА, бара МВР и ДИК да дејствуваат превентивно и ваквите појави да ги сосечат во корен.

Доколку и натаму се кршат изборните правила преку притисоци, креирање на гласачи, гласање за друг, купување на гласови и полнење на гласачките кутии, како и со клиентелизам преку социјалните трансфери, регуларноста на целиот изборен процес ќе се доведе во прашање.

Ги повикуваме и охрабруваме граѓаните, невладините организации и медиумите, секое кршење на правилата за избори јавно да го објават.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners