Коалиција за Промени и Правда: Остануваме отворени за соработка на принципиелни основи

30.10.2016

Коалиција за Промени и Правда: Остануваме отворени за соработка на принципиелни основи

 

Коалицијата за Промени и Правда (ДС, ФРОДЕМ, МОРО РП И ДЕМОС) како врвни два приоритети во својата платформа ги афирмира:

1. Политичка и кривично-правна одговорност за сите што со злоупотреба на довербата на граѓаните ја вовлекоа Македонија во длабока криза, ја ограбија и предизвикаа иселување на креативните и стручни кадри и

2. Воспоставување на уставни механизми и гаранции дека никогаш повеќе во иднина нема да гледаме црно-бела политичка слика како да го спречиме повторното воспоставување на ваква авторитарна власт. Оттаму беше и нашата намера и желба да ја окрупните нашата коалиција со политички партии и останати субјекти кои ги подржуваат овие наведени принципи.

Откако се убедивме дека наместо овие принципи на површина излегуваат лукартивните лични интереси, суети и сценарија за расцепкување на центро десничаркиот трет блок и формирање на нов четврт блок, сметаме дека е подобро нашата сила и енергија во пресрет на претстојните избори да ја потрошиме на промоција на нашите ставови и принципи отколку на јалови и неискрени преговори кои имаат други интереси и цели.

Коалицијата за Промени и Правда останува отворена за соработка со сите опозициони партии кои ќе изразат јасен став дека по изборите нема да коалицираат со обвинетите и осомничени криминализирани структури на партиите на власт.  



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners