Коалиција за Промени и Правда: Избори по шест месеци

11.05.2016

Коалиција за Промени и Правда: Избори по шест месеци

Коалицијата за Промени и Правда (ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, МОРО-РП И ДЕМОС),  укажуваат на апсурдноста, ВМРО-ДПМНЕ, по секоја ценада поднесе листи за пратеници и покрај тоа што се согласиле изборите да се одложат најмалку за шест месеци.

Наместо листи за кандидати за пратеници,на Македoнија и е потребна Експертска и пред се реформска Влада, која ќе ја стабилизира состојбата и ќе спроведе раформи во медиумите, правосудниот систем (реизбор на сите судии и обвинители), безбедноста, како и целосна деполитизација и департизација на државните институции.

Со најновиот избирачки список, како и објавениот креиран вкупен број на жители во Република Македонија (над 2.400 000), само се потврди дека Владата и ДИК немале намера да го прочистат и не го прочистиле избирачкиот список.

Очекуваме соодветна реакција од ДИК и свикување на седница на Собранието заради и формално одлагање на изборите и избор на Влада, со што ќе започне процесот на стабилизација.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners