Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА: Граѓаните од Аеродром бараат промени

29.10.2016

Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА: Граѓаните од Аеродром бараат промени

Претставници на Коалицијата за промени и правда (ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО- Работничка партија) остварија средби со граѓаните од општина Аеродром, каде се разговараше за актуелните политички состојби, но пред се за проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Во разговорите граѓаните го нагласија проблемот со пристап до пазарот, немањето на средни училишта, загаденоста на воздухот и слично.

Голем број граѓани ја искажаа загриженоста за иднината на државата, прашаа кога ќе се смени власта, дали се можни промени, дали ќе има одговорност за грабежот и дали ќе има избори.

Павле Трајанов, претседател на ДС, изјави дека Платформата за учество на изборите и Изборната програма се подготвени.

Трајанов нагласи: "Се залагаме за минимална плата од 300 евра, најниска пензија од 200 евра и социјална помош од 100 евра, потоа за одговорност на тие што стекнаа огромен капитал на криминален начин и забрана на политичко дејствување од најмалку 10 години."

Наша цврста определба е дека само со промена на власта се отвораат перспективи за иднината на земјата. Коалицијата за промени и правда разговара за проширување на истата, со други субјекти, на принципиелни основи, но изборниот модел (Македонија со шест изборни единици) не притиска и на "непринципиелни коалиции".

Сè уште нема конечен договор кои други партии ќе бидат дел од Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА.

Во врска со работата на СЈО, Трајанов очекува, наскоро СЈО да објави по чиј налог и кој прислушкувал преку системите на МВР, кој бил корисник на прислушкуваните разговори, како и покренување на постапка за одговорност.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners