ГРАЃАНИТЕ ГЛАСАА ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА, ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ Е ПАРЛАМЕНТАРНА ПАРТИЈА

16.07.2020

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСАА ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА, ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ Е ПАРЛАМЕНТАРНА ПАРТИЈА

Демократскиот сојуз оценува дека вчерашните предвремени парламентарни избори беа фер и демократски, без насилства, со висока излезност во специфични здравствени услови, при што граѓаните можеа слободно да ја искажат својата определба и гласаа мирно и достоинствено, определувајќи се за Европска Македонија.

Демократскиот сојуз ја известува јавноста дека во следниот собраниски мандат ќе биде парламентарна партија и ќе даде придонес со сопствени оригинални идеи и законски решенија за решавање на суштинските проблеми на граѓаните. Очекуваме со нашите партнери од коалицијата „Можеме“ што побрзо да се состави стабилна влада, без развлекувања и уцени, во која ќе учествуваме со својата програма и со квалитетни кадри и која веднаш ќе се зафати со здравствените и економските предизвици.

Демократскиот сојуз смета дека приоритети на следната влада се надминување на здравствената криза со помош на нашите партнери од ЕУ и НАТО, енергична борба против организираниот криминал и корупцијата, воспоставување правда и правичност, како и усвојување сериозна антикризна економска програма за заживување на македонската економија и подигање на животниот стандард на граѓаните.

Очекуваме преговорите за членство во Европската унија кои треба да почнат до крајот на оваа година, да го забрзаат процесот на европеизација на Македонија и да придонесат за повеќе правда и демократија и подобар и поквалитетен живот.

Демократскиот сојуз исто така очекува во првите три месеци од новиот мандат Собранието да донесе измени на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи заради поправично и подемократско одразување на волјата на граѓаните и разбивање на двопартискиот монопол.

Демократскиот сојуз инсистира да се расчисти со паѓањето на веб-страницата на Државната изборна комисија, како и со евентуалните намерни грешки во обработката и презентацијата на изборните резултати и против одговорните да се преземат соодветни законски мерки.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners