ДС: Уставниот суд расправа по иницијативата на ДС

18.02.2016

ДС: Уставниот суд расправа по иницијативата на ДС

Уставниот суд денеска ја почнува расправата по иницијатива на претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, за оценување на уставноста на одлуката на Собранието на Р. Македонија  за распуштање на Парламентот со одложено дејство.

Парламентот на 18.01.2016 година донесе одлука за негово распуштање, но наместо да стапи во сила вееднаш и се спроведат избори во рок од 60 дена, примената е одложена  да стапи на сила на 24 февруари, односно 60 дена пред изборниот ден за 24 април, за кога само начелно се закажани предвремените парламентарни избори. Датумот не е сигурен бидејќи претходно е условен со други обврски кои треба да бидат спроведени согласно Пржинскиот договор, а тоа може да произведе и друг одложен датум на оддржување на избори, се додека не се исполнат сите услови. Пратеникот Павле Трајанов, токму затоа укажа на парламентарната дебата, и пред и по изгласувањето на оваа спорна одлука на партиите на власта, а опозицијата ја напушти салата и не сакаше да учествува.

Трајанов уште на седницата најави дека ќе ја поднесе оваа иницијатива, која пред Уставниот суд дојде на дневен ред само неколку дена пред истекот на рокот на изјаснување на одлуката на меѓународната заедница да се изјаснат, дали ќе препорачаат одлагање на датумот на изборите за неколку месеци подоцна.

Почетокот на седницата на Уставниот суд е закажана за денеска во  9 часот а пратеникот Павле Трајанов, како предлагач на иницијативата воопшто не е поканет да присуствува и да ја образложи истата.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners