ДС со нова канцеларија во Куманово

04.02.2016

ДС со нова канцеларија во Куманово

Денес,  04.02.2016 година (четврток), Општинската организација на Демократскиот сојуз – Куманово, отвори нова канцеларија, на кое присуствуваа повеќе од 100 члена  и симпатизери на ДС. На отворањето присуствуваше и претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, кој пред членството говореше за актуелната политичка состојба во земјата. Во своето обраќање, претседателот Трајанов напомена дека на Р. Македонија и се потребни промени за да се создадат основни предуслови за владеење на правото и стабилизација на состојбите со што ќе започне  забрзан економски развој.

При тоа, тој истакна дека Демократскиот сојуз е подготвен да партиципира во нов политички блок, што истовремено е и барање на над 50 отсто на граѓаните на Р. Македонија.

Во врска со бегалската криза, претседателот Трајанов истакна дека Македонија не треба  да отвора бегалски кампови, бидејќи бегалците немаат намера да останат во Македонија, туку само да транзитираат до Германија и други држави.

Граѓаните на Куманово покажаа на најдобар начин како може заедно сите без разлика на етничка припадност да се спротивставиме на тероризмот и обидите за нарушување на соживотот и мирот на граѓаните.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners