ДС предлага да се повлече Правилникот за употреба на ГМО

24.09.2013

ДС предлага да се повлече Правилникот за употреба на ГМО, од Владата на РМ нагласуваат дека децидно ќе се спречи увоз на генетски модифицирана храна во Македонија 

Демократскиот сојуз предлага примената на Правилникот за ставање во промет на генетски модифицирана храна за животни, да се повлече, бидејќи помеѓу експертите  сé уште нема усогласен став за употребата на ГМО - храната, како и штетното влијание врз животните и луѓето.

Демократскиот сојуз ги повикува сите општини да донесат одлуки со кои ќе забранат производство на нивните подрачја на генетски модифицирана храна.

ДС ги поздравува општините (Велес, Охрид, Чашка, Могила, Валандово и Василево) кои се прогласија за ГМО „слободни“, со што на нивната територија нема да може да се произведува и користи храна настаната од генетски модифицирани организми.

Демократскиот сојуз смета дека во услови на енормни загадувања на Скопје, Кавадарци, Неготино, Битола, треба да се зајакнат еколошките капацитети, а компаниите да ги исполнат обврските согласно оперативниот план за целосна примена на еколошките стандарди.

Последните анализи покажуваат дека зголемени се канцерогените и белодробните заболувања, што ја наметнува потребата, сите институции, но и компаниите да водат сметка за примена на стандардите за заштита на средината во која живееме.

Од Владата на Република Македонија велат дека досега нема валиден правилник или одлука со кој се дозволува увоз на ГМО храна. Во соопштението од владата се нагласува:

„Владата на Република Македонија нема донесено, ниту премиерот Груевски има потпишано правилник или одлука со која се овозможува увоз на ГМО добиточна храна. Досега до Агенцијата за храна и ветеринарство не е доставено ниту едно барање, ниту е издадено одобрение за ставање во промет на ГМО храна, ниту за луѓе, ниту за животни.

Истовремено, информираме дека на последната седница, Владата донесе заклучок да се пристапи и предложи измена и дополнување на соодветна правна рамка со која децидно ќе се спречи увоз на генетски модифицирана храна во Република Македонија“                                                               



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners