ДС: Позорна служба, како гарант на безбедност на граѓаните

06.02.2016

ДС: Позорна служба, како гарант на безбедност на граѓаните

Демократскиот сојуз ја афирмира потребата за враќање на полицајците- позорникари  во сите населени места, како гаранти за заштита на имотот и поголема безбедност на граѓаните.

Сите сме сведоци дека во последните неколку години е зголемен  бројот на кражби во становите и куќите, разбојништво на улица, како и провали во автомобилите. Голем број на кражби во домовите на граѓаните се вршат на дрзок начин, односно додека тие се наоѓаат во домот (во текот на ноќта).

Се поголем број на граѓани се жалат за извршени провали и кражби, а немаат можност на кого да му презентираат информации, при што комуникацијата со полициските станици е повеќе формална, односно официјална но не и ефикасна.

Системот на  полицајци – позорникари, на терен, може да биде основа за спречување на тешки кражби, евидентирање на познати криминалци (кои се под надзор) при нивното движење во населбите и сл.

Сегашниот ангажман на полицајците „алфи“ се ефикасни за апсење на веќе осомничени, но не може да бидат замена за полицајците во униформа кои секојдневно се во комуникација со граѓаните.

Од друга страна, во ситуација кога во Македонија сериозно е разнишана довербата во државните институции, а со тоа и во МВР, неопходно е нејзино обновување преку директна комуникација меѓу полицијата и граѓаните, токму преку реонските полицајци, односно локални позорникари.

Демократскиот сојуз предлага во рамките на реформите на полицијата да се воведе повторно позорната служба имајќи ги предвид досегашните позитивни и компаративни искуства.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners