ДС: Парламентот да ја поништи одлуката за самораспуштање

23.02.2016

ДС: Парламентот да ја поништи одлуката за самораспуштање

Демократскиот сојуз ги повикува сите парламентарни партии и пратениците да гласаат за Парламентот да ја поништи одлуката за самораспуштање,  да се  продолжи со работа се додека не се создадат услови за фер, демократски, слободни и кредибилни избори, на кои ќе имаат еднакви шанси сите партии и граѓани кои ќе учествуваат на изборите.

Се работи за иднината на Република Македонија и никој нема право да ги блокира суштинските реформи во судскиот систем, владеење на правото,безбедносните системи и процесот на утврдување на одговорноста на тие кои не вовлекоа во тотална криза и безизлезност.

Денес имаме историска шанса да направиме пресврт и надвор од партиските стеги и политичките водства, како претставници на граѓаните во Парламентот да гласаме во нивен интерес, да спречиме хаос и да отвориме перспективи за нормализација на состојбите и младите генерации.

Конечно мора да застанеме на страната на Македонија и на граѓаните.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners