ДС: Оставка од Ѓорге Иванов

12.04.2016

ДС: Оставка од Ѓорге Иванов

Претседателството на Демократскиот сојуз, вечерва одржа седница на која ги усвои следните ставови:

- Одлуката за аболиција донесена од страна на претседателот Ѓорге Иванов претставува своевиден државен удар врз Република Македонија долгорочно го загрози демократскиот развој, перспективите на државата и го урниса правниот поредок.

- Ѓорге Иванов го погази начелото на презумпција на невиност и со одлуката за аболиција ја потврди одговорноста и вината на сите што ги амнестира без да имаат можност својата евентуална невиност да ја докажат пред суд.

- Ѓорге Иванов со оваа одлука ја вовлече Македонија во хаос и вонредна состојба, со тешки последици по стабилноста на земјата и нормално одвивање на животот.

- Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани да се обединат, без разлика на нивната партиска, етничка, религиозна или друга припадност и да ја осудат постапката на Ѓорге Иванов.

- Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните сите заедно да излеземе на масовни, но мирни демонстрации и да протестираме сé додека Ѓорге Иванов не поднесе оставка.

- Демократскиот сојуз апелира граѓаните да не се конфронтираат меѓу себе и со полицијата.

- Демократскиот сојуз предлага да се одржи средба меѓу лидерите на сите парламентарни и вонпарламентарни партии, на која ќе утврди стратегија за излез од кризата.

- Демократскиот сојуз бара да се свика Парламентот и во текот на утрешниот ден да одржи вонредна седница, на која ќе започне постапка за импичмент на Ѓорге Иванов и да донесе одлука за суспендирање на одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.

- Демократскиот сојуз инсистира Парламентот да избере експертска Влада со мандат да се справи со кризата и да ја одржи стабилноста во Република Македонија.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners