ДС: Одлуката за распуштање на Парламентот е спротивна на Уставот

22.01.2016

ДС: Одлуката за распуштање на Парламентот е спротивна на Уставот

Денес, Демократскиот сојуз до Уставен суд достави Иницијатива  за поведување постапка за оценување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.

Собранието на Република Македонија, на 87-та седница одржана на 18 јануари, 2016 година, донесе одлука за негово распуштање, заземајќи став дека ваквата одлука ќе произведе одложено правно дејство, односно ќе се применува од 24 февруари, 2016 година.

Не само што се работи за необмислен потег, досега непознат во историјата на парламентарното работење, туку со него директно се крши и Уставот на Република Македонија, односно одредбата од чл. 63 ст. 3 од во која децидно е наведено дека „избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.“

Спротивно на уставните одредби, Законодавниот Дом на седницата одржана на погоре наведениот датум, прибегна кон донесување на одлука заснована на „неопходноста од целосна имплементација на законите усвоени од страна на Собранието на РМ, а во насока на конечно завршување на политичката криза и исполнување на чекорите кои политичките партии ги преземаа, заради воспоставување на стабилни односи во политичките процеси, економскиот напредок на РМ и исполнување на евро-атланстките-перспективи.

Колку и на правниците да им се туѓи математичките операции, без поголеми напори, може да се дојде до констатација дека ако предметната одлука (за распуштање на Парламентот) е изгласана на споменатиот датум (18 јануари, 2016), тоа би значело  дека предвремените избори за пратеници би требало да се спроведат на 19 март 2016 година.

Повеќе од јасно е дека исполнувањето на обврските зацртани со политичкиот (Пржинскиот) договор од јуни/ јули, 2015 година и спроведувањето на европската агенда и на итните реформски приоритети не смее да се врши по цена на кршење на највисокиот правен акт на државата. Европската унија секако, не бара од нас да посегнеме кон решенија кои значат флагрантно отстапување од уставните одредби. Таа, дури, во одредени сегменти нѝ налага да запреме со легислативната механика и да се фокусираме на спроведувањетo „во живо“ на законските прописи (така, во областа на судството, јавната администрација, итн.). Да пристапиме кон „правен лифтинг,“ односно растоварување на ново креираните закони од непотребното и сувишното!

Наместо тоа, ние, создаваме преседан, овластувајќи го развластеното Собрание да избере (преодна) Влада. Па, колку е во овој случај, вака избраната Влада легална и легитимна?

Треба, во овој контекст, да се земе предвид и членот 93 од Уставот во кој е пропишано дека „Владата има право да постави прашање за доверба пред Собранието. Владата има право да поднесе оставка. Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата.

Терминот „времена оставка“ не фигурира на ниту едно место. Уставот на Република Македонија, не познава распуштање на Собранието со одложено дејствие, што го прави самиот акт противуставен

Имајќи го предвид сето погоре изнесено, сметаме дека Уставниот суд треба да  поведе постапка за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија и да донесе одлука за укинување на истата.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners