ДС млади: Дарувањето на крв да стане наша навика

13.12.2013

ДСМ: Дарувањето крв да стане наша навика

Крводарителната акција, која вчера, 12.12.2013 година, под мотото „Дарувањето на крв да стане наша навика“ ја организираа младите на Демократскиот сојуз, беше подржаа од над 60 дарители на крв. Акцијата се одвиваше  во соработка со екипите на Црвениот крст, а со цел некому да му подарат години живот, учесниците издвоија неколку минути од своето време и обезбедија поголем број единици крв.

Водени од податокот дека редовното донирање на крв значи дека секогаш ќе има достапно доволно количество крв, младите на Демократскиот сојуз ги повикаа сите дарители, и активни и нови, да земаат учество во вакви акции, бидејќи секојдневно, разни хируршки интервенции и медицински процедури имаат потреба од трансфузија на крв.  

Со вчерашната крводарителна акција, младите на Демократскиот сојуз уште еднаш сакаа да ја потсетат јавноста дека се уште, единствениот начин да се добие крв е преку донирање и дека овој хуман гест, кој треба да биде редовна навика,  значи дарување живот.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners