ДС: Ѓорге Иванов без алтернатива

27.04.2016

ДС: Ѓорге Иванов без алтернатива

Демократскиот сојуз смета дека политичката состојба се заострува, при што поради отсуство на чувство за одговорност и државност, Ѓорге Иванов, се уште се колеба дали да ја повлече аболицијата или не.

Сакаме да го охрабриме дека во интерес на граѓаните, стабилноста на државата и правдата е да ја повлече аболицијата. Тој потег, заедно со одлагање на изборите, се основа за политички договор и постепено враќање на вербата во правдата.

По поништување на аболицијата и одлагање на вонредните парламентарни избори (на кои само ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува), Демократскиот сојуз го предлага следното:

- Избор на експертска  влада, поддржана од сите партии, која ќе работи на коренити реформи на правосудниот и безбедносниот систем, како и во медиумите, изборните регулативи (избирачки список, Македонија да биде една изборна единица, електронско гласање и др.), демократизација на партиите и др.

- Деблокада на сите државни институции и нивна департизација и деполитизација.

- Поддршка на СЈО за професионално, стручно, законито и транспарентно работење и формирање на специјализирано судско одделение во рамките на Кривичниот суд во Скопје.

- Создавање на услови за одговорност на креаторите на политичката криза и донесување на закон за забрана на нивно политичко дејствување.

- Реформи неопходни за членство во НАТО и започнување на преговорите за влез во ЕУ.ДС оценува дека доколку и натаму се продолжи со ароганцијата од власта и медиумската манипулација, протестите ќе продолжат, стабилноста ќе се наруши и сето тоа ќе се рефлектира и на економски и безбедносен план. На крај се ќе се прифати но цената и штетите ќе бидат преголеми. Затоа повикуваме на разум.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners