ДС ги повикува партиите на темелна расправа во Парламентот

03.03.2015

ДС ги повикува партиите на темелна расправа во Парламентот

Демократскиот сојуз ги повикува политичките партии на дијалог и отворање на темелна расправа во Парламентот, се со цел да се разреши политичката криза и да се намалат негативните влијанија врз евроинтегративните процеси, стабилноста, економскиот развој и демократските процеси во целина.

Демократскиот сојуз смета дека Собранието на Република Македонија треба да расправа за кршењето на основните човекови права, нарушувањето на приватноста, како и за колапсот на безбедносните системи.

Демократскиот сојуз го повикува Јавниот обвинител, согласно член 271 од Законот за кривична постапка, до Собранието на Република Македонија, да достави извештај за посебните истражни мерки преземени во претходната година, при што во извештајот треба да бидат содржани: број на постапки во кои се наредени посебни истражни мерки, за кои кривични дела, дали постапката е поврзана со гонење на организиран криминал, потоа за бројот на набљудувани објекти и лица, резултатите од посебните истражни мерки и др.

Јавниот обвинител посебно треба да го информира Собранието и во колку случаи е користен заштитен сведок, колку од судските одлуки се засновани на сведочење на заштитен сведок, во колку случаи врз информациите од посебните истражни мерки (прислушкување) се засновале судски одлуки и сл.

Демократскиот сојуз бара од Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање и Комисијата за надзор над спроведувањето на посебните истражни мерки, да подготват извештаи и да ги достават до Собранието.

Врз основа на овие извештаи, како и информации од другите надлежни државни институции, политички партии, пишувањата во медиумите и сл., може да се отвори содржајна расправа и Собранието да донесе заклучоци за надминување на политичката криза, која и натаму се продлабочува.                                                                                                                     



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners