ДС: Да се свика Парламентот

21.04.2016

ДС: Да се свика Парламентот

Демократскиот сојуз повикува на разумно и одговорно однесување од државно политичкиот врв, како и од лидерите на политичките партии, за да не се наруши стабилноста на државата и нормалното одвивање на животот.

Демократскиот сојуз оценува дека постои општ граѓански консензус, за две клучни работи: 

да се одложат изборите и да се повлече аболицијата.

Укажуваме дека нема Уставни и законски пречки да се свика Парламентот, при што, ако Трајко Вељаноски, не сака да го свика, тоа можат да го направат самите пратеници и Парламентот да донесе одлука за одлагање на изборите.

Имено согласно член 15 став 4 од Изборниот законик, мандатот на пратениците трае се до конституирање на Парламентот во нов состав.

Исто така нема уставни и деловнички пречки за свикување на седница на Парламентот, но во праксата по самораспуштање, тој не заседава, за да не се користи за предизборни цели, но и натаму е во постојано заседание, што е предвидено и со член  66 став 1 од Уставот на Р. Македонија и член 5 став 1 од Деловникот на Собранието.

Во врска со аболицијата на корумпираните политичари, која е и спротивна на Уставот и законите, но и на здравиот разум, Ѓорге Иванов, може да ја повлече одлуката за аболиција, со нова одлука.

Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани да направат се што е во нивна моќ, протестите да се одвиваат на мирен начин, како демократски чин на искажување на незадоволство.

Воедно апелираме до медиумите (посебно провладините), објективно да информираат и да не учествуваат во создавање на атмосфера  на страв и несигурност кај граѓаните.

Извадок од Уставот, Деловникот на Собранието и Изборниот законик на Р.Македонија:

Устав на Р. Македонија

Член 66

Собранието е во постојано заседание.

Собранието работи на седници.

Седниците на Собранието ги свикува претседателот на Собранието.

Собранието донесува деловник со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Деловник на Собранието на Р. Македонија

Член 5

(1) Собранието е во постојано заседание.

(2) Одморот на Собранието трае од 1 до 31 август.

(3) Претседателот на Собранието може и за време на одморот да свика седница на Собранието.

Изборен законик

Член 15

(1) Изборите за пратеници се одржуваат секоја четврта година во последните 90 дена од мандатот на претходниот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.

(2) Предвремени избори за пратеници се спроведуваат во согласност со одредбите на овој законик, а сите рокови за изборните дејствија се скратуваат за пет дена, освен рокот утврден за спроведување на изборната кампања.

(3) Роковите за спроведување на изборните дејствија од ставот (2) на овој член со роковникот ги утврдува Државната изборна комисија.

(4) Мандатот на пратениците трае од денот на неговото верификување до денот на верификувањето на мандатот на новоизбраните пратеници, но не подолго од четири години.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners