Државниот секретар на МВР да го именува Владата

07.07.2016

Државниот секретар на МВР да го именува Владата

Павле Трајанов за Утрински

Се предлагаат нови измени на Законот за внатрешни работи по скратена постапка, со кои се предвидува државниот секретар во Министерството за внатрешни работи да биде именуван од Владата, наместо да биде избран од редот на раководните лица. Експертите предупредуваат дека со овие измени, како и со веќе усвоените измени на Законот за полиција што ги предложи министерот Митко Чавков, власта сака да му ги врзе рацете на новиот министер, кој би застанал на чело на МВР пред избори.

Лидерот на Демократскиот сојуз и поранешен министер за внатрешни работи, Павле Трајанов, оценува дека целта на измените е да се скратат ингеренциите на министерот, кој со измените на законот нема да може да одлучува за изборот на државниот секретар во министерството, а кој во согласност со актуелното законско решение се избираше од редовите на раководните лица во МВР.

Тој смета дека е иста намерата и со измените на Законот за полиција, кој пред десетина дена беше на дневен ред во Собранието. Со измените на членовите 17 и 18 од Законот за полиција, надлежноста врз работата на дел од криминалистичката полиција, униформираната полиција, граничната полиција, специјалните полициски сили и други, сега ја преземаат организациски единици во рамките на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), иако досега тие беа под надлежност на Централните полициски служби (ЦПС). Инаку, началникот на Централните полициски служби го назначува министерот за внатрешни работи.

„Директорите на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) ги именува Владата и тука намерата е јасна. Со измените се направи упад во законот за полиција, се' со цел на министерот што би застанал на чело на МВР во предизборната влада да му се скратат ингеренции и да не му биде дадена можност самиот да поставува луѓе со кои би соработувал, како и да има надлежност и контрола врз дел од единиците во МВР и во полицијата. Тоа се прави и со измените во законот за внатрешни работи, со кои државниот секретар сега ќе го избира Владата“, изјави Трајанов за медиумите.

И универзитетскиот професор Владимир Пивоваров е убеден дека сите овие измени се прават за натамошна опструкција на договорот од Пржино.

„Целта е новиот министер за внатрешни работи што ќе дојде од редовите на опозицијата три месеци пред одржувањето на изборите, да се сведе на ’англиска кралица’. Практично, да му се врзат рацете на министерот, а популистички да се користи од страна на власта и да се посочува дека опозицијата раководи со тоа министерство“, нагласува Пивоваров.

Доколку министерот ги нема сите функционални надлежности и не раководи со ресорот со полн капацитет, додава професорот, нема да може ништо да се направи ниту околу проверката на избирачкиот список, спречување на нерегуларни избори. „Денес во МВР не се почитуваат или се менуваат законите, грубо се интервенира во подзаконски акти. Државниот секретар требаше да биде првата професионална висока функција, кој ќе биде избран од редот на најдобрите и најпрофесионални кадри“, вели професорот Пивоваров. 

Во образложението на предлог-измените на Законот за внатрешни работи, на кои се потпишани пратениците од владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Сашо Аќимоски, Павле Саздов, Марјанчо Колевски, Нада Ципушева и Талат Џафери, стои дека измените се предлагат заради практична примена на законот.

„Имајќи ја предвид досегашната практична примена на законот, се утврди дека е потребно поинакво позиционирање на државниот секретар во Министерството за внатрешни работи. Наместо да се избира од редот на раководните работници во Министерството, со овој закон се предлага ова лице да биде именувано и разрешувано од Владата на Република Македонија по предлог на министерот за внатрешни работи“, стои во предлог-измените на Законот.

Истата аргументација беше наведена и во образложението на измените на Законот за полиција, чиј предлагач беше Владата. „Заради нормативно уредување на разултатите од повеќегодишните реформи во полицијата, како и заради економично и специјализирано извршување на полициските работи, се предлагаат соодветни интервенции во овој дел од законот, во содржината на членовите 17 и 18 од овој закон. Соодветните нормативни интервенции во членовите 17 и 18 се резултат и на компартивните искуства и анализи, а за подигнување на степенот на ефикасност во полициското работење“, стои во образложението на измените.

Извор: Утрински



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners