Демократски сојуз: Законите за СЈО добија поддршка од 50 пратеници

17.10.2016

Демократски сојуз: Законите за СЈО добија поддршка од 50 пратеници

Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, на денешната последна седница на Собранието на Република Македонија предложи да се расправа и донесат измените на Законот за заштитени сведоци и Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконито следење на комуникациите, при што нагласи: "Парламентот треба да се надмине и да се ослободи од партиските стеги и да обезбеди услови за работа на сите институции вклучително и на СЈО. Македонија е криминализирана и со криминалот, со ова зло кое разорно делува, мораме да се справиме.

Имаме обврска да создадеме услови да се расчисти масовното прислушкување и навлегување во приватноста на граѓаните, кршењето на изборните правила и сериозните сомневања за вклученост во тежок криминал на сите оние кои неодамна Ѓорге Иванов ги аболицираше."Трајанов нагласи дека криминалот не може да се покрие со избори и најави "војна" по 11-ти декември.

За предлозите на Трајанов гласаа 50 пратеници од сите партии и независните пратеници, а против беа 57 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners