Демократски сојуз: Виница како Италија

01.08.2016

Демократски сојуз: Виница како Италија

Деновиве во градовите од Источна Македонија (Виница, Кочани, Берово, Пехчево, Делчево и др.), пристигнаа "вработените од Владата на Република Македонија" во Италија.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ јавно ги преставува огромните резултати преку намалување на бројот на невработени и тоа за над 50% во Кочани, Виница, Пробиштип итн., но не кажуваат колку се иселени и колку од тие се вработени во Италија и другите држави.

Според нецелосните информации во последните пет години само од Виница се иселени над 8000 граѓани од кои повеќето се вработени  во Италија.

Состојбите со вработувањето и иселувањето се катастрофални и ако продолжи овој тренд на празнење на државата, бројот на невработени ќе се сведе на 2% до 3%.

Би било коректно да се информира јавноста колку се иселени од Македонија во последните 10 години и причините за тоа (социјални, политички и др.), како и за стратегијата на власта младите да останат во Македонија.

Во услови додека опозицијата, невладиниот сектор и медиумите, расправат за избирачкиот список, изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, со медиумска поддршка, добива на интензитет, со силни ветувања за колекторски системи, нови спортски сали, училишта, вработувања и сл.

ДС сугерира владејачките партии заедно со провладините медиуми да прошетаат на Исток за да видат колку "гости" ни дошле од Италија.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners