ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: УШТЕ ДВА ДЕНА ДО КУЛМИНАЦИЈА НА КРИЗАТА

24.03.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: УШТЕ ДВА ДЕНА ДО КУЛМИНАЦИЈА НА КРИЗАТА



Партиите од парламентарното мнозинство можат да се обидат во следните два дена да понудат и постигнат компромис со раководството на ВМРО-ДПМНЕ се со цел во понеделник да се избере претседател на Парламентот и со тоа се создадат услови за избор на реформска Влада и мирен, демократски и државнички трансфер на власта.

Од понеделник натаму парламентарното мнозинство на СДСМ, ДУИ, БЕСА и АЛИЈАНСАТА, мора да покажат цврстина и одлучност и при изборот на претседател и при формирањето на Владата.

Континуираната попустливост, ќе биде злоупотребена од ВМРО -ДПМНЕ и преку медиумската манипулативна кампања ќе се настојува да се продлабочи кризата и спречи трансфер на власта.

Геостратешките и регионалните процеси наметнуваат потреба од итно формирање на нова Влада и стабилизирање на состојбите, како прв чекор за нормализирање на животот и воспоставување на вредносен систем кој почива на владеење на правото во Република Македонија.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners