Демократски сојуз:Темелна истрага за увозот на отпад

20.01.2020

Демократски сојуз:Темелна истрага за увозот на отпад

Демократскиот сојуз инсистира на темелна истрага за увозот на отпад во Македонија. Целта на истрагата, во која треба да се вклучат службите за разузнавање и национална безбедност, МВР, како и Царинската управа и Министерството за животна средина, е да се расчисти дали во Македонија се увезува отпад за складирање или за горење.

Потоа, да се испита како и на кој начин се контролира увозот на отпад, дали на депониите во Македонија се складира отпад од увоз и кој врши анализа на отпадот, кои фирми користат гориво од отпад, дали има увоз на отпад под друга декларација, како и други битни елементи.

Аферата во Бугарија околу сомнителниот отпад од Италија, ја наметнува потребата од непосредна соработка со бугарските власти, покрај другото бидејќи како увозник се јавува фирма каде сопственички удел има и директорот на ЈП „Дрисла“ каде се складира отпад.

Важно е да се провери и тоа дали директорот на „Дрисла“, претпријатие кое извршува функција за граѓаните од исклучителен јавен интерес, може да има фирма за трговија со отпад дома или во странство. Натаму, инспекторите за животна средина треба да направат вонредна контрола и проверка на сето она што се складира и гори во депонијата „Дрисла“, но и во други фирми кои користат отпад во процесот на производство (производство на челик, цемент и др.).

Обврска е на државните институции да ги штитат граѓаните од увоз, складирање и користење на штетен отпад, а не со изјави во јавноста да не замајуваат, дека увозот на отпад е од „кредибилни компании“ и слични флоскули, а зад сето тоа да се крие криминал со огромни суми.

 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners