ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СТРУЧНА И ФИНАНСИСКА ПОМОШ НА МАТИЧНИТЕ ДОКТОРИ

21.11.2020

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СТРУЧНА И ФИНАНСИСКА ПОМОШ НА МАТИЧНИТЕ ДОКТОРИ



Здравствениот експертски тим на Демократскиот сојуз предлага да се разгледа можноста во ординациите на матичните доктори да се вклучат и интернисти кои ќе им помагаат околу третманот на пациентите инфицирани од коронавирусот Ковид-19.

Покрај тоа државата да ги помогне финансиски и со потебната заштитна опрема и средства, средства за дезинфекција и др. она што е неопходно за успешно лекување на граѓаните.

И досега матичните доктори се во директна комуникација со пациентите, но нивниот обем на работа ќе се мултиплицира со се' поголемиот број на инфицирани граѓани, поготово во услови на неможност сите пациенти болнички да се третираат.

Воедно предлагаме во услови на прогласена кризна состојба да се упрости постапката за увоз на лекови.

Законските процедури не смеаат да бидат причина да нема услови за да се набават лекови, кислородна поддршка на пациентите или да нема заштитна опрема и средства за медицинскиот персонал.

Демократскиот сојуз апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките на здраствените власти, да носат маски, да не се групираат и да држат дистанца како и да ги дезинфицираат рацете.

Мораме сите да се прилагодиме на "нормално" живеење во услови на криза, а процесот на работа и производство да тече со примена на највисоките стандарди за заштита на работниците.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners