Демократски сојуз: Резолуцијата на Европскиот Парламент, гаф на нашата дипломатија

17.02.2017

Демократски сојуз: Резолуцијата на Европскиот Парламент, гаф на нашата дипломатија

Резолуцијата на Европскиот Парламент, со која се бара да се почитуваат правата на “бугарското население” во албанските региони, Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, каде што  живеат Македонци, претставува сериозна провокација од официјална Софија, но и голем гаф на македонската дипломатија, која не презема ништо за да ги информира и предупреди европејците дека носењето на таквата резолуција не е одраз на реалните состојби во тие региони.

Демократскиот сојуз, смета дека, Европскиот парламент не смее да "наседнува" на злоупотребите со членството во ЕУ, кои ги прави Бугарија со издавањето државјанства и пасоши на Македонци. Познато е дека голем дел од нив, било да живеат во Република Македонија, или се малцинство во некоја од соседните држави, од чисто економски причини земаат бугарски пасош, која за нив е патна исправа што им овозможува непречен влез и престој во земјите на Унијата. 

Република Бугарија неколку пати е опомената поради ваквата пракса на злоупотреба на патните исправи, но како што гледаме од последната резолуција во ЕП која се однесува на напредокот на Република Албанија, таа продолжува и понатаму.

Инаку, во Албанија нема бугарско национално малцинство, туку македонско. Доколку имаше, ќе формираше свои културни друштва или политичка партија и ќе покаже и друг вид на активности.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners