Демoкратски сојуз: Решенијата на Владата се спротивни на Уставот

11.04.2016

Демoкратски сојуз: Решенијата на Владата се спротивни на Уставот

Повеќе од јасно е дека на 5 јуни нема да има избори, поради што Демократскиот сојуз ги повикува министрите и замениците министри, да ги повлечат оставките и да продолжат да работат со полн капацитет.

Воедно Демократскиот сојуз предупредува на можните безбедносни проблеми доколку во МВР се наруши принципот на хиерархија и натаму се практикува паралелно дејствување од дополнителниот заменик министер. Поради ова, ДС бара, Владата да ги повлече поединечните кадровски решенија бидејќи тие ќе предизвикаат целосен хаос и парализа на највиталната институција. Овие решенија се спротивни на Уставот и законите поради што треба Уставниот суд со времена мерка да ги суспендира и сите решенија на Владата да ги поништи.

Република Македонија е во криза и затоа повикуваме на политички дијалог и договор, реактивирање на Парламентот и деблокирање на другите институции, за да се спроведат реформи, кадровски промени и создадат услови за избори.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners