ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: РЕФОРМСКА ВЛАДА ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА

09.03.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: РЕФОРМСКА ВЛАДА ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА 

Демократскиот сојуз смета дека времето за политичко надмудрување, заканите за дестабилизација на државата, како и идеите за нови избори  се веќе поразени.

Дојде време да се избере нова Влада, која ќе ја стабилизира состојбата и ќе започне коренити реформи, за да се искорени политизацијата и партизацијата на државните институции, посебно на МВР, Јавното обвинителство и судовите. 

Претседателот Ѓорге  Иванов има уставна должност да го даде мандатот за состав на новата Влада на партиите кои имаат мнозинство. Простор за "маневри" нема заради можноста многу брзо да се соочи со тешки обвинувања  и да понесе голема  одговорност. 

Институциите не се приватна фирма туку тие функционираат според закон, ред и Устав.

Само еден пример: Должност е на секој генерал, понизок офицер или војник,  при напад да ја брани државата и има последици ако тоа не се случи, и не спроведува ќе одговара, ќе биде суден и осуден. Од таму Партија е едно а држава е друго или генералот. 

Тоа значи дека уставната должност мора да се спроведе. 

Повеќе од јасно е дека или ќе има Влада со мандат од Ѓорге Иванов или без мандат  со гласање во Парламентот. 

Граѓаните бараат да се формира Влада и да се нормализира животот во земјата, да започне економски развој и продолжат евроинтеграциските процеси.

Демократскиот сојуз предупредува дека во наредниот период ќе има и нови платформи или  нови протести, сеедно Македонија е демократска земја, секој може да го искаже своето мислење, но промените  се нужност и мора да се во функција на јакнење на демократијата и владеење на правото.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners