Демократски сојуз: Реална криза или политички пазар со мигрантите

07.09.2016

Демократски сојуз: Реална криза или политички пазар со мигрантите

Деновиве повторно се најавува зголемен број на мигранти од Сирија, Авганистан и Ирак, како и можна безбедносна криза и нарушување на стабилноста на Република Македонија, поради голем прилив на бегалци.

Ваквите најави можат да бидат силно оружје на Владата за бројни манипулации, па и основа за одложување на изборите.

Состојбите се доста конфузни и поради најавите на некои земји членки на ЕУ (Унгарија и Австрија), дека бегалците треба да се држат подалеку од нивните граници. Во пракса ова би значело можните "судири" со нив да се одвиваат на Македонско -Грчката граница. Ова е позната историска теза и пракса, евентуални конфликти па и вооружени судири, да се проектираат и контролирано насочуваат на туѓи територии.

Поради ваквите најави, Демократскиот сојуз, укажува на потреба од исклучителна претпазливост и при градењето на стратегијата за постапување со бегалците да се води сметка за нашите национални интереси, како и целосно почитување на меѓународните конвенции и хуманитарното право за третманот на бегалците.

Во секој случај, сите активности и мерки треба да се усогласуваат со соседните држави и ЕУ, а не поодделно со земји членки на ЕУ.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners