Демократски сојуз: Павле Трајанов, гласаше против измените на Изборниот законик

09.17.2021 

 Демократски сојуз: Павле Трајанов, гласаше против измените на Изборниот законик

                                                                                                                           

 

Поради големиот медиумски интерес, Ве информираме дека пратеникот од ДС Павле Трајанов, беше против измените на Изборниот Законик и на седницата на Парламентот одржана на 15.09.2021 година гласаше против.

Во настапот на седницата Павле Трајанов меѓу другото нагласи: "За време на изборен процес не треба да се менуваат изборните правила,со измените се фаворизираат само четири партии (СДСМ, ВМРО -ДПМНЕ, ДУИ и АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ), при што тие партии имаат монопол на трошење на државни пари за изборна кампања, како и времето за кампања на телевизиите радијата,порталите итн.
На 90% од средствата и времето за реклама на медиумите се определени за четирите партии. Со измените нема услови за рамноправен политички натпревар  поради што  се потребни коренити реформи на изборните правила ".


Трајанов укажа и на апсурдноста да се трошат пари на граѓаните за предизборни активности на партиите, како и финансирање на нивните редовни активности.

 

 

09.17.2021 




Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners