Демократски сојуз: Парламентот го проби дното

23.09.2016

Демократски сојуз: Парламентот го проби дното


ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ смета дека ниското и вулгарно ниво на расправа во Комисијата за политички систем, за работата на СЈО, го проби дното и докрај го девалвира Парламентот како највисок законодавен  дом на демократијата.

Наместо заложба за законито, стручно и транспарентно работење , како и поддршка за елиминирање на опструкциите, пратениците од Власта (веројатно меѓу нив и  оние против кои се води  постапка) оркестрирано се впуштија во дискредитација на СЈО, институција која ужива над 70% поддршка од граѓаните.

Сосема е јасно дека смислено се попречува правдата и Парламентот ги парализира и поттикнува другите институции да не соработуваат со СЈО.

Демократскиот сојуз предлага СЈО од Парламентарната говорница јавно да соопшти кој и на кој начин ја попречува правдата и кои пратеници биле вклучени во кршење на изборните правила или инволвирани во друг вид на криминал.

Воедно ДС бара седниците да бидат отворени и да се пренесуваат преку Собранискиот канал, а и другите медиуми да можат да ги следат и непречено да ги пренесуваат во живо.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners