ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПАРЛАМЕНТОТ Е КОНСТИТУИРАН

06.08.2020

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПАРЛАМЕНТОТ Е КОНСТИТУИРАН

Демократскиот сојуз смета дека со верификацијата на мандатот на новоизбраните пратеници Парламентот е конституиран.

На 4 август 2020 година се одржа конститутивната седница на Собранието на Република Северна Македонија, на која согласно Член 63 од Уставот на РСМ, се верифицираше мандатот на 120-те новоизбрани пратеници, а мандатот на дотогашните пратеници им престана. Од тој момент Парламентот е конституиран, тој е во постојано заседание и може во секој момент да се свика седница, да расправа и полноправно да одлучува.

Тоа се уставни и деловнички решенија. Претседавачот на Парламентот има обврска за конституирањето на Парламентот да го информира Претседателот и одлуката за конституирање на Парламентот да ја објави во „Службен Весник“ на РСМ.

Од 5 август 2020 година тече десетдневниот период за Претседателот Стево Пендаровски да го даде мандатот за состав на Влада на кандидат на партијата односно партиите кои имаат мнозинство во Парламентот.

Оттаму, непотребни се дилемите околу тоа, дали е конституиран Парламентот, пред да се избере негов Претседател. Изборот на Претседател и Потпретседатели на Парламентот не случајно е дефиниран во друг член (Член 66) од Уставот.

Актуелниот претседавач треба да постапува согласно Уставот и Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, а партиските надмудрувања и преговори за тоа кој ќе биде прв помеѓу еднаквите во Парламентот не може да бидат причина за блокада и суспензија на Законодавниот дом.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners