ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПАРЛАМЕНТОТ ДА ОБЕЗБЕДИ МИРЕН ТРАНСФЕР НА ВЛАСТА

02.03.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПАРЛАМЕНТОТ ДА ОБЕЗБЕДИ МИРЕН ТРАНСФЕР НА ВЛАСТА

Демократскиот сојуз одржа прес конференција, на која ставовите за актуелната политичка состојба, ги презентираше претседателот на ДС, Павле Трајанов:

Демократскиот сојуз оценува дека Македонија се вовлекува во  најтешка криза од нејзиното осамостојување, со можни последици по нејзината стабилност и нормално одвивање на животот  на граѓаните.

Откако Никола Груевски не успеа да формира Влада, започна манипулативна кампања преку  емоциите на граѓаните, тврдејќи дека е загрозена унитарноста, името на државата и идентитетот на Македонскиот народ, дека Македонија ќе се подели, при што го повика народот на протести за да ја „спаси државата", со што практично попречува да се формира Влада на Република Македонија.

Дополнително, Ѓорге Иванов,  со вчерашната одлука да не му го даде мандат за состав на Влада на Република Македонија на Зоран Заев, спречи мирен, демократски и уставен трансфер на власта.

 Ѓорге Иванов,  со овој акт и настапот во јавноста, директно го загрози мирот, внатрешната кохезија, единството и стабилноста на државата.

Користејќи ја “Платформата на албанските партии“ како аргумент, за попречување да се формира Влада на Република Македонија,  „создаде услови“ за дестабилизација, интеретнички и меѓуетнички конфронтации, разгорување на меѓуетничка и верска нетрпеливост, омраза и раздор.

Со одлуката да не го даде мандатот на партиите кои  имаат мнозинство во Парламентот, Ѓорге Иванов, ја вовлече Македонија во институционална криза и создаде  основи за поделби и немири од пошироки размери и со тешки последици.

Поткопани се темелите на демократијата.За излез од кризата Демократскиот сојуз предлага:

1.Сите разговори и преговори за излез од кризата да се водат во Собранието на Република Македонија.

За сите отворени прашања треба да се води  дебата во Собранието, на отворени седници пред очите на  јавноста.

2. Да се свика седница на Собранието на Република Македонија, на која ќе се договори мирен трансфер на власта. 

3. Собранието на Република Македонија да донесе Декларација во која ќе се осуди постапката на Ѓорге Иванов, за не давање мандат за состав на Влада, на кандидатот за мандатар на партиите кои имаат мнозинство за состав на Влада и ќе побара да си поднесе оставка.

4.Парламентот да биде во  перманентно заседание и на иста седница да се избере Претседател на Собранието и Влада на Република Македонија.

5.Да се одложи одржувањето на  локалните избори и наместо во месец мај истите да се одржат најрано во септември 2017 година.

6.Собранието да ги задолжи државните институции да преземат ригорозни законски мерки против сите кои се обидуваат со поттикнување насилство да создадат услови за воено -полициски удар и суспендирање на  легалните државни институции и волјата на граѓаните.

Демократскиот сојуз цврсто стои на страната на граѓаните и разумот и ќе направиме се што е во наша моќ, да се заштитат националните и државните интереси и сочува самостојна, унитарна и демократска Република Македонија.

Државата се чува со срце и разум, а не со лажен патриотизам.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners