Демократски сојуз: Отворено писмо до граѓаните и кредиторите

12.07.2016

Демократски сојуз: Отворено писмо до граѓаните и кредиторите

Демократскиот сојуз јавно ги повикува граѓаните, граѓанските асоцијации, експертите, медиумите и политичките партии, преку демократски средства да ја блокираат реализацијата на еврообврзницата од 650 000 000 евра.

Со ова обврзница Македонија се задолжува со милијарда евра (650 000 000 евра еврообврзница и 350 000 000 евра камата), во услови на длабока и тешка политичка криза и без консултации со опозицијата, експертите  и пошироката јавност.

Тргнувајќи од фактот дека задолжувањето го прави Влада која е техничка и која за десетина дена ќе биде сменета, како и барањето на мнозинството граѓани да не се задолжува повеќе државата, апелираме до банките-потенцијални купувачи на еврообрзницата и меѓународните финансиски институции, да не ризикуваат и ја блокираат реализацијата на еврообврзницата, независно од моменталната примамливост за висок профит.

Воедно ги повикуваме пратениците од опозицијата, заедно, да побараме (потребни се најмалку 20 пратеници) одржување на вонредна седница на Парламентот, на која ќе се расправа за еврообрзницата и вкупниот долг на државата.

ДС ја повикува Владата да ја преиспита одлуката за задолжување на Македонија за една милијарда, кога за тоа нема потреба и без економски потенцијал да се сервисира долгот спрема странските кредитори.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners