ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: Одговорност за урнисување на Уставниот поредок

18.11.2016

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: Одговорност за урнисување на Уставниот поредок


По објавувањето на информациите од СЈО, по чија наредба незаконито се прислушувале илјадници граѓани, целта на прислушувањето и кој сé бил “корисник” на прислушуваните разговори, Демократскиот сојуз, бара одговорност и повлекување од изборниот процес, на сите кои биле вклучени во урнисувањето на Уставниот поредок, газењето на човекови права, нарушување на изборниот процес и навлегување во приватноста на граѓаните. 

Се потврдија сомненијата на Демократскиот сојуз, дека прислушувањето е вршено по налог на раководството на МВР (сите кадри од ВМРО – ДПМНЕ), потоа дека прислушувањето е вршено преку системите на МВР и дека корисници на прислушуваните разговори биле носителите на високи државни позиции, пред сé претседателот на Владата и воедно лидер на ВМРО – ДПМНЕ. 

Пред две години и сега бараме, политичка и кривична одговорност за сите актери на ова злосторство и спрема сопствениот народ и држава.

Со изборите не може и нема да се покрие кршењето на човековите права и криминалот. 

Секој треба да биде свесен дека правдата можеби касни, но сепак стигнува.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners