Демократски сојуз: Народот одлучува

14.04.2016

Демократски сојуз: Народот одлучува

Демократскиот сојуз оценува дека со Одлуката за аболиција Ѓорге Иванов го урниса правниот поредок и предизвика огромно незадоволство и хаос во државата.

Состојбите можно е да излезат од контрола, поради што повикуваме на разумно, одговорно и државничко однесување.

Бараме:

1. Ѓорге Иванов, да ја повлече одлуката за аболиција и   да си поднесе оставка.

2. Али Ахмети,  да го откаже учеството на ДУИ на избори.

3.Трајко Вељаноски, да свика седница на Парламентот за да се суспендира одлуката за самораспуштање на Парламентот.

Вие тројцата можете да излезете од партискиот шинел и да го послушате гласот на разумот и народот, кој е подготвен да протестира се додека не се реши кризата и не создадат услови помилуваните да одговараат пред суд.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners