Демократски сојуз: Народ или Корумпирани политичари

20.04.2016

Демократски сојуз: Народ или Корумпирани политичари

Демократскиот сојуз го повикува Ѓорге Иванов, да избере помеѓу сенародниот бунт за правда (народот) и корумпираните политичари.

Во овие исклучително сложени политички состојби, кога незадоволството на граѓаните се шири како вирус и зазема пандемски размери, Ѓорге Иванов, има историска шанса да ја смири состојбата со акт за повлекување на аболицијата и создаде можности за судска разрешница за тие што ги злоупотребија системите за прислушување, ги прекршија изборните правила или учествуваа во грабежот на имотот на граѓаните.

Доколку пак и натаму ги штитете корумпираните политичари, тогаш бидете подготвени да ја преземете одговорноста врз себе за криминалот на сите што ги помилувавте, како и на можните последици од натамошно усложнување на состојбите.

Сигурни сме дека Ви е јасно дека нема услови за избори и тие нема да се одржат, уште помалку дека со избори може да се "покрие" криминалот и лошите одлуки.

ДС оценува дека протестите ќе бидат се помасовни и тие нема да престанат се додека не се одложат изборите и не се исполнат барањата на граѓаните (избор на експертска Влада, формирање на специјализиран судски одел, деблокада на СЈО, оставка на Ѓорге Иванов и др.).



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners