Демократски сојуз: На новинарите да им се овозможат услови за безбедна работа и приоритетно тестирање за Ковид-19

11.04.2020

Демократски сојуз: На новинарите да им се овозможат услови за безбедна работа и приоритетно тестирање за Ковид-19

Веста дека еден новинар е заразен со коронавирусот предизвика особена загриженост во јавноста и е само уште еден во низата докази дека новинарството е професија која во услови на војна или вонредна состојба секогаш е во првите борбени линии на фронтот.

Во битката на граѓаните да им пренесат навремени и точни информации што во време на криза од глобални размери е исклучително тешко, зашто по правило прва страда вистината, новинарите заедно со здравствените работници, полицијата, армијата и другите сензитивни професии, се изложени на големи ризици.

Демократскиот сојуз ги повикува надлежните органи од власта на медиумите и новинарите да им овозможат услови за непречена и безбедна работа со што помало изложување на ризик од зараза со коронавирусот. Денешниот развој на технологијата дозволува прес–конференциите, изјавите за јавноста, брифинзите за новинарите, министрите и претставниците на власта и јавните институции да ги одржуваат со современите средства за комуникација, со што помалку физичко присуство на новинарите и строго да се придржуваат до мерките за социјална дистанца и здравствена заштита.

Истовремено, ги повикуваме и сопствениците на медиумите на новинарите да им ги обезбедат сите средства за заштита, да им овозможат работа од дома, а ТВ дебатите и интервјуата да се водат повеќе преку скајп и другите технолошки алатки.

Демократскиот сојуз истовремено ги повикува здравствените власти на сите новинари кои се директно изложени на ризик од зараза со коронавирусот да им овозможи приоритетно, бесплатно и брзо тестирање за Ковид-19. На новинарот и главен и одговорен уредник на Канал 5, Гоце Михајлоски му посакуваме брзо закрепнување и враќање на екраните за да ја продолжи битката за вистината. 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners