Демократски сојуз на младите: Услови за младите да останат во Македонија

30.10.2016

Демократски сојуз на младите: Услови за младите да останат во Македонија


Од осамостојувањето до сега, можностите за младите да најдат работа, да си обезбедат дом и да создадат семејство, се намалени, речиси и ги нема.

Денес се соочуваме со масовно отселување на млади луѓе, и не само „одлевање на мозоци“, туку и на работна сила, поради системско уништување на условите за пристоен живот. 

Младите како да ја губат надежта за европска Македонија.

Демократскиот сојуз има план и намера да го спречи овој тренд и да им обезбеди на младите европски услови за живот, тука во Македонија.

Ние има стратегија, време е да инвестираме во младите.

Со цел да стекнат работно искуство кое им е потребно за развој на нивните кариери, Демократскиот сојуз ќе воведе стручно (практично) усовршување на дипломираните студенти во Република Македонија и преку посебна програма ќе им овозможи на дипломираните студенти, за нивно усовршување да имаат право на стажирање (со надомест) од една година во струката, а трошокот за стажирање да биде покриен од страна на државата. 

Со активна соработка меѓу државата, работодавачите, Агенцијата за вработување и универзитетите, ќе им помогнеме на младите луѓе што поскоро да станат економски активни граѓани.

Со креирање на посебен фонд ќе креираме СТРАТЕГИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПОДДРШКА НА МЛАДИ, во кој ќе се слеваат 2% од Буџетот на РМ, преку кој ќе се создаваат услови за вработување, решавање на станбени прашања, стипендии за спортисти, млади уметнички дејци и сл. 

За да ги охрабриме компаниите да вработуваат млади ќе обезбедиме пауза од 12 месеци за плаќање на придонеси за вработување.

Нема да се плаќаат придонеси за сите вработени на возраст од 18 до 24 години.

Придонесите за здравствено и пензиско осигурување во износ од 3000 денари за секој месец, ќе бидат на товар на Буџетот на Република Македонија.

Покрај другото, отворањето на нови фирми со квалифицирани програмери, обезбедува огромни финансиски и други предности, но пред се отвора можности за работа на младите информатичари, кои Македонија ќе ја направат информатичка сила.

Демократскиот сојуз има стратегија да изгради капацитети за вработување на младите во своите места на живеење што ќе ја одржи Македонија ,,жива,, на целата нејзина територија.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners