Демократски сојуз: минимална плата 300 евра

01.03.2016

Демократски сојуз: минимална плата 300 евра

На денешната пленарна седница во Собранието на Република Македонија, на предлог на Павле Трајанов, се расправа  за измени на Законот за минимална плата,  при што се предлага минималната плата да изнесува 300 евра (18.000 денари).

Трајанов нагласи: „За Демократскиот сојуз, а верувам и за другите партии, врвен приоритет е подобрување на стандардот на граѓаните, како основен предуслов за раздвижување на сите позитивни процеси во државата, посебно економскиот развој и зголемување на продуктивноста. Според проценките на Синдикатот, за основните животни потреби на едно семејство, потребни се околу 500 евра.

Очекувам расправа околу тоа колку се платени вработените во нашата земја, но и за тоа како е можно во другите држави (земји членки на ЕУ) за иста работа, вработените да бидат платени десет пати повеќе, колкав приход остваруваат компаниите, дали се води сметка за стандардот на вработените и сл. Така, на пример машинобравар во Германија прима плата од 2500 евра, а во Македонија 200 евра.

Ниските плати не ги мотивираат вработените, негативно влијаат на продуктивноста, иновациите, потоа младите и креативни кадри заминуваат во странство и сл., поради што ќе останеме без стручни кадри кои треба да бидат движечка сила на економскиот развој во Македонија.

Странските компании во Македонија имаат огромни погодности и буџетски дотации (помош) за плаќање на придонесите на вработените, даночни и царински ослободувања и сл., а им исплаќаат плата на вработените од околу 150-200 евра. Просечната плата на вработените во слободните економски, царински и индустриско-технолошки зони изнесува околу 260 евра или помалку за 120 евра во однос на просечната плата во Република Македонија.

Предлагаме буџетска поддршка за компаниите од текстилната и други индустриски гранки, компании, кои поради објективни пазарни услови не се во можност да остваруваат приходи за да исплатат минимална плата.

Државна помош предлагаме од разбирливи причини. Имено, ако може државата да субвенционира успешни странски компании од парите на вработените во домашни компании, зошто тоа да не може да го прави и за наши компании кои се во тешка ситуација, поради објективни состојби на пазарот.

За Буџетска поддршка на домашните компании треба да се формира Фонд, при што потребните средства ќе се обезбедат преку силни антикорупциски мерки, рационализација на непродуктивните трошоци, намалување на разликата во цените од јавни набавки, укинување на репрезентацијата на функционерите и сл.“

Трајанов ги повика пратениците да го поддржат овој предлог. Расправата во Парламентот сеуште трае.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners