ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ Е ВРШЕНО ПРЕКУ СИСТЕМИТЕ НА МВР

26.02.2021

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ Е ВРШЕНО ПРЕКУ СИСТЕМИТЕ НА МВР

Во врска со судската одлука за Таргет-Тврдина, за Демократскиот сојуз од исклучителна важност е тоа што после шест години, Судот потврди дека масовното прислушување е вршено преку системите на Министерството за внатрешни работи. Злоупотребена е власта за незаконито и неовластено прислушување на обични граѓани, новинари, бизнисмени, носители на политички и државни функции и многу други, со што директно се загрозени приватноста и основните права и слободи.

Прислушувањето е вршено од политички и бизнис интереси, желбата да се владее и да се има неограничена моќ.

Одлуките за осудените нема да ги коментираме почитувајќи го начелото на пресумпција на невиност, но тие ќе имаат силна генерална превенција, во иднина никој да не се осуди да ги крши правата на граѓаните преку нивно неовластено прислушувајте, следење и сл.

Овој и другите процеди беа проследени со бројни недоследности, непринципиелности, политички притисоци и договарања.

Многу институции потфрлија, многумина непрофесионално се однесуваа, се кршеа и закони, затоа мора да се истражат докрај и системските грешки, но и кривичната одговорност на сите кои овие шест години ја опструираа правдата.

Криминалот е  зло со кое мора да се справиме, мора да изградиме ефикасен систем за борба против криминалот, криминално стекнатиот имот да се конфискува и задолжително да се изрекува мерка забрана на политичко дејствување.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners