ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАКЕДOНИЈА НЕ Е ЗАГРОЗЕНА

26.02.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАКЕДOНИЈА НЕ Е ЗАГРОЗЕНА


Сè повеќе се шират дезинформации преку социјалните мрежи, порталите и некои провладини медиуми, дека Македонија е загрозена, дека ќе се федерализира, кантонизира, дека постои странски заговор за разнебитување на државата, како и повици да се застане на браникот на одбраната на државата, дека треба пресметка со предавниците, се промовираат методите на Ќосето, се вршат поделби на наши и ваши во службите за безбедност и АРМ и слични будалштини, се со цел да се создаде атмосфера на страв и безизлезност, со нудење на единствена опција- воведување воена состојба односно да се изврши воено- полициски удар.

Демократскиот сојуз смета дека:

1.Република Македонија е стабилна и нема основи за дестабилизација преку меѓуетнички или интеретнички судири.

2.Унитарниот карактер не е загрозен или доведен во прашање, а за тоа се гаранти сите граѓани на Македонија, но посебно мнозинскиот- Македонски народ, како и другите народи со кои со векови живееме заедно.

3.Не постои странски заговор за уништување на Македонија. Внатрешната стабилност и кохезија се клучни за иднината и  перспективите на Македонија.

4.На Македонија и е потребна нова реформска Влада која согласно Уставот треба да ја формираат партиите кои ќе обезбедат мнозинство во Парламентот.

Затоа Демократскиот сојуз повикува на разумно и одговорно однесување од сите лидери на партиите, при што мора националните и државните интереси да бидат пред личните и партиските.

Обидите преку дестабилизација на државата да се заштитат партиските водства, ќе бидат препознаени, осуетени и казнети, токму од народот на кој популистите се повикуваат секогаш кога ги губат позициите и власта.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners