ДС: Кулата од карти се распаѓа

22.04.2016

ДС: Кулата од карти се распаѓа

Според анализите на Демократскиот сојуз, кулата од карти се распаѓа. Досега невидената манипулативна кампања почна да го губи здивот и станува контра продуктивна.

"Успесите" на власта не можат да ја покријат аболицијата за корумпираните политичари, блокадата на СЈО, подготовките за изборен фалсификат (не се прочисти избирачкиот список) и пред се најавите од Европската Унија за санкции за државно политичкиот врв и државата.

Не можеме да поверуваме дека големите патриоти по чиј налог се уривал станбен комплекс или се краделе пари од превозот на ученици, мирно да спијат, додека нивните подредени одат во затвор.

Затоа го повикуваме Ѓорге Иванов да ги поништи одлуките за аболиција и отвори можност против политичкиот естаблишмент да се води судска постапка како за секој друг граѓанин.

Правото да носите и отповикувате одлуки се  црпат од Уставот и законите, поготово што нема одредба што тоа право го забранува.

Кога "мечот" виси над Македонија, треба да се ослободите од партиските стеги и да ја повлечете аболицијата, во спротивно оганот кој го запаливте наскоро ќе не зафати сите.

Најавата за санкции, ако се реализираат тоа ќе биде смртоносен удар од " патриотите " врз Македонија, затоа откажете ги изборите и повлечете ја аболицијата. Направете и Вие нешто за народот и државата.

Инаку протестите ќе продолжат и ќе бидат се помасовни, граѓаните сакаат правда и мир.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners