ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ИТНО РЕФОРМИРАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА КРИЗИ

05.04.2021

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ИТНО РЕФОРМИРАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА КРИЗИ

Последниот случај со спасувањето на премрзнато лице благодарение на индивидуалната пожртвуваност на еден лекар, во прв план повторно ја исфрли на површина нефункционалноста на нашиот систем за кризен менаџмент и заштита и спасување. По кој знае кој пат се покажа дека постоењето две паралелни институции - Центарот за управување со кризи, од една и Дирекцијата за заштита и спасување, од друга страна, претставуваат пречка во извршувањето на заштитните и спасувачките активности во итни случаи. Меѓу надлежностите на овие две институции постои законско поклопување,  што во пракса создава дуализам, ривалите и нефункционалност.

Демократскиот сојуз инсистира на итно реформирање на системот за кризи и создавање ЕДИНСТВЕНА институција која ќе го менаџира намалувањето ризици од катастрофи.  Сегашната меѓувладина комисија за реформирање на овој сегмент (трета во последниве 10-тина години) мора да донесе предлог за формирање единствен државен орган кој ќе биде надлежен за реагирање во итни ситуации кога се загрозени човечки животи. Не смее да дозволи овој исклучително важен сегмент да биде заробен од интересите на политичките партии.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners