Демократски сојуз: Граѓанска платформа за Виена

19.04.2016

Демократски сојуз: Граѓанска платформа за Виена

Демократскиот сојуз повикува на заедничка граѓанска платформа за разговорите во Виена.

ДС смета дека поканетите лидери на четирите партии не можат да ги застапуваат интересите на Македонија, поготово што меѓу нив е и водачот на владејачката партија, кој е помилуван за тешки кривични дела. Не сме сигурни дека граѓанитеќе прифатат решенија кои пред се ќе ги штитат личните и партиските интереси.

Поради сето ова, предлагаме да се усвои платформа со која ќе се штитат интересите на граѓаните и државата. Минимум барања би биле:

-свикување седница на Собранието.

-одложување на изборите.

-поништување на аболицијата.

-оставка на Ѓорге Иванов.

-поддршка на СЈО.

-формирање на посебен суски оддел кој ќе води постапка за кривични дела кои произлегуваат од прислушуваните разговори, идр.

Во разговорите во Виена да се вклучат и претставници на граѓанскиот сектор,како и претставници од другите опозициски партии.

Протестите се шират насекаде и тие ќе бидат се помасовни се додека не се реализираат барањата на граѓаните.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners